Што е евалуација?

Евалуација е критичка анализа на постигнувањата и резултатите на еден проект, програма, политика или институција.

Евалуација е проценка, изведена на систематичен и објективен начин, на активност, проект, програм, стратегија, политика, тема, сектор или поле на дејност.

Евалуацијата го анализира постигнувањето, очекуваните и неочекуваните резултати преку истражувањето на ланецот на резултати, процеси, причинско-последични врски, преку користење на критериуми на релевантност, ефективност, ефикасност, импакт и одржливост (нов 6ти критериум хармонизираност).

Евалуацијата обезбедува веродостојни, корисни, информации, засновани врз докази, кои овозможуваат навремено вклучување на наодите, препораките и научените лекции, во процесот на носење на одлуки.

Основните цели на евалуацијата се промоција на отчетноста и учењето од сработеното.

Евалуацијата дава одговори зошто – и во која мера – планираните и непланираните резултати се постигнати.

Евалуацијата се фокусира на резултати, не на инпути – не на потрошени пари, не на направени активности. Само на постигнатите резултати.