Skip to content

Извештај од спроведена обука за мониторинг и евалуација

Македонската мрежа на евалуатори -ММЕ (www.men.mk) е единствена професионална асоцијација на евалуатори, член на Мрежата на евалуатори на Западен Балкан- WBEN ( www.sdeval.si) која е регионална организација и активно учествува во работата на ЕvalPartners – IOCE (EvalPartners – IOCE), меѓународна организација на професионални евалуатори.

ММЕ се грижи за промоција на евалуацијата, подобрувањето на евалуациската култура и унапредувањето на користењето на евалуацијата во процесите на одучување, носење на политики, стратегии, регулативи, програми и проекти.

За промоција на евалуацијата во граѓанскиот, јавниот и деловниот сектор, ММЕ организираше  информативна обука со наслов Мониторингот и евалуацијата – клучни елементи при носење одлуки, која поради големиот интерес се одржа два пати, на 14 јуни и 15 јуни во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар,.

За време на информативната обукабеа опфатени теми како: раководење со проектен циклус и пристап на логичка рамка, ОЕЦД критериуми за евалуација на развојни проекти, видови на евалуации, индикатори, план на евалуација и користење на евалуацијата во донесувањето одлуки.

Обуката пред се беше насочена кон развојните проекти, и со тоа примарно беше наменета за претставници на јавниот и граѓанскиот сектор, како и за претставници на развојните  меѓународни организации, но можеа да ја следат и млади лица, студенти и сите заинтересирани за оваа важна тема за т.н. раководење засновано на резултати (Result Based Management).

Информативните сесии ги водеа членови на ММЕ,  Влатко Данилов и Лилјана Алчева, со поддршка на другите основачи на организацијата.

Учесниците на обуката го изразија своето задоволство од пренесените теми од страна на обучувачите, а имаа можност  иза меѓусебна  размена на искуства со другите присутни на обуката. Оваа прва активност од ваков вид на ММЕ ќе води до организирање на нови обуки поврзани со менаџирањето проекти и програми, со фокус на евалуацијата како клучна алатка во процесот на донесување одлуки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *