Skip to content

Покана за учество на обука за мониторинг и евалуација

Македонската мрежа на евалуатори -ММЕ (www.men.mk) е единствена професионална асоцијација на евалуатори, член на Мрежата на евалуатори на Западен Балкан- WBEN ( www.sdeval.si) која е регионална организација и активно учествува во работата на ЕvalPartners – IOCE (EvalPartners – IOCE), меѓународна организација на професионални евалуатори.

ММЕ се грижи за промоција на евалуацијата, подобрувањето на евалуациската култура и унапредувањето на користењето на евалуацијата во процесите на одучување, носење на политики, стратегии, регулативи, програми и проекти.

ММЕ организира информативна обука за основните принципи на мониторингот и евалуацијата која ќе се одржи на 14 јуни во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (https://rcgo.mk/), на бул. Климент Охридски бр. 21, на бул Климент Охридски бр.21, со почеток во 11:00  и ќе трае до 14:30.

Насловот на информативната обука е Мониторингот и евалуацијата – клучни елементи при носење одлуки и ќе ги опфати следниве теми: ОЕЦД критериуми, видови на евалуации, индикатори, план на евалуација и користење на евалуацијата.

Обуката е наменета претставници на јавниот и граѓанскиот сектор, претставници на развојните  меѓународни организации, млади лица и сите заинтересирани за оваа важна тема за т.н. раководење засновано на резултати (Result Based Management).

Обуката е со промотивен карактер и е бесплатна за сите учесници, чиј број е ограничен за максимум 20, по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Пријавувањето е со пополнување на прашалникот  за регистрација на линкот.  https://forms.gle/WQ1cKNh3QNAy8LA98 

Агенда

Обуката ќе биде спроведена од членовите на ММЕ:

  • Влатко Данилов – Претседател и
  • Лилјана Алчева член на УО.

Се гледаме на 14 Јуни, 2024 г. во 11:00 часот вo Граѓанскиот ресурсен центар.   https://maps.app.goo.gl/zymYVidkNo7JkiZR8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *