Македонската мрежа на евалуатори (МЕН) направи мапирање и идентификација на улогите и одговорностите на засегнатите страни во процесот на следење и евалуација на целите за одржлив развој, како дел од Проектот „Подобрување на евалуацијата на целите за одржлив развој “ поддржан од ЕvalPartners. Заклучоците од процесот на мапирање и идентификација се пренесени во Извештај кој служи како основа за сите останати активности од овој проект.
Процесот на мапирање покажа дека целите 4 и 8 за одржлив развој се помеѓу најзначајните во работата на засегнатите страни. Токму затоа проектот ќе изработи две студии на случај во кои ќе ја презентира компатибилноста помеѓу определбите на овие цели и националното законодавство во контекст на истите.