Подобрување на евалуацијата на ЦОР

Македонската мрежа на евалуатори (МЕН), со поддршка од EvalPartners го спроведува проектот „Подобрување на евалуацијата на Целите за одржлив развој “.

Целта на проектот е вклучување на оваа професионална мрежа на евалуатори во глобалните процеси за мониторинг и евалуација на Целите за одржлив развој (#SDGs ).

https://youtu.be/FrY1pul6gO8

Мониторингот и евалуацијата на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации е своевиден предизвик за сите вклучени во развојните процеси на национално и глобално ниво. Овој проект е насочен кон информирање, промовирање и поттикнување на сите засегнати страни во Македонија за вклучување во развојните процеси и спроведување на Целите за одржлив развој.
Проектните активности се фокусирани на зајакнување на партнерства и координацијата на различни засегнати страни вклучени во процесите на мониторинг и евалуација на Целите за одржлив развој како би се постигнала структурирана и организирана имплементација на агендата на целите за одржлив развој. Националното партнерство, кое ќе се формира во овој проект како платформа за М&Е на Целите за одржлив развој, ќе продолжи да работи на промоцијата и развивање на соработката со државните институции и агенциите на ОН.

17 Цели за одржлив развој

Проектни активности:

  1. Формирање на национално партнерство за целите за одржлив развој.
    1.1. Мапирање на засегнати страни од процесот на евалуација на целите за одржлив развој
    1.2. Студии на случај за компатибилноста на националните политики и законодавството со индикаторите на целите за одржлив развој.
    1.3. Настан за целите за одржлив развој.
  2. Промоција на целите за одржлив развој на локално ниво.
  3. Зајакнување на капацитетите на Македонската мрежа на евалуатори за мониторирање и евалуација на процесите поврзани со целите за одржлив развој.